Димитрија Андонов Папрадишки -150 години профана уметност

Арт

Љубителите на ликовната уметност, ќе имаат можност да ја проследат ретроспективната изложба која што е поставена во Ликовниот салон во Велес, по повод 150-годишнината од  раѓањето на Димитрија Андонов Папрадишки - еден од последните зографи и првиот македонски профан сликар. Во Ликовниот салон во Велес се претставени 40-тина дела на Димитрија Андонов Папрадишки, масло на платно, главно портрети и икони.


На отворањето на изложбата министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека делата кои зад себе ги остави овој плоден иконописец, автор на бројни икони, иконостаси и портрети, кои денес грижливо ги чуваат не само Велес, туку и институциите и приватни сопственици низ Македонија, претставуваат симболи и синоними за вистинските вредности во македонската култура.
- Надарен со природна интелегенција, со ведар дух и исклучителен сликарски талент, како што го претставил Лазар Личеноски, Папрадишки направи историски пресврт во македонското сликарство и во нашата историја се впиша како уметник кој црковното сликарство во Македонија го етаблираше на друго, повисоко ниво, истакна Канческа-Милевска.

Сето богатство што Папрадишки го остави зад себе, реализирано во неговиот долг и плоден творечки живот, повеќе од 1.200 икони за околу 100-тина цркви во Македонија и Србија, бројни портрети и композиции со национално-историска и битова тематика, посочи Канческа-Милевска, претставуваат трајни остварувања и вистинско културно наследство кое Македонија го споделува со светската културна традиција.


Димитар Андонов Папрадишки е меѓу најзначајните личности во македонското сликарство. Тој кон крајот на 19 век го направи историскиот пресврт во македонското сликарство, поврзувајќи ги последните нишки од религиозното сликарство со првите обиди за профано сликарство. Роден е 1859 година во велешкото село Папрадиште. Во 1884/5 ја завршува Художествената иконографска школа во Киев. Со неговата појава почнува процесот на бавно запоставување на естетиката на традиционалното византиско и поствизантиско сликарство и „европеизирање“ на црковната уметност во се уште конзервативните црковни средини.
Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

At this present time, matter is still the best way to think of architecture, but I'm not so sure for very long. The computer is radicalizing the way we think about our world.

Ben Nicholson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 43 гости присутни