Изложба на фотографии под наслов „Културни случувања“ ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во Мала станица. Организацијата на оваа изложба е иницирана од австриската влада и Министерството за надворешни работи на Австрија. Фотографиите, претставени на изложбата, ги претставуваат најубавите места на регионот на Западен Балкан, поточно најважните места од светското културно наследство во седумте земји од наведениот регион.
Несекојдневната перспектива на местата, исполнети со убавина и историја, како што се старата охридска чаршија, националниот парк Бутринт, мостот на Дрина во Вишеград, Диоклецијановата палата во Сплит, которскиот залив, манастирите Студеница и Дечани се констатација за важноста на овие споменици и на целиот регион, како и за амбасадорската улога на културата воопшто.

На отворањето ќе зборуваат Алојз Краут, амбасадор на Австрија во Македонија и Маја Крстевска, директорка на Националната галерија на Македонија. На отворањето ќе настапи и музичката група „Љубојна“.
::: Нова Македонија
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Escape from the architecture ghetto is one of the major drivers and has been from the very beginning.Rem Koolhaas