Денеска во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, во склоп на „Отвореното графичко студио“, ќе биде отворена изложбата „Светење во темнината” на фотографот Јан Брандес. Поставката љубителите на уметноста ќе може да ја проследат до 15 април.
Секое општество има свои идоли, кои просветлуваат од мрачноста на толпата. Предметите на нашето внимание можат да бидат поинакви во различните културни контексти и дури и нашите во нив проектирани желби го дополнуваат нивното значење. Јан Брандес се занимава со трансформацијата на овој многустран феномен преку општествените промени во денешно време. Лајтмотивот на неговата работа е да ги внесува и спротивставува различните, стари и нови, форми на воодушевување. Набљудуваните сцени даваат мешавина на култура за забава, фетиш, помодарство, патриотизам, религија, секс и херојство.
Јан Брандес, роден 1977 година, живее и твори во Хамбург. Од 2005 година работи како уметник и самостоен фотограф. Во 2006 беше еден од победниците на фотографскиот натпревар за млади уметници организиран од Гете институтот во Минхен и Адам Мицкиевич – институтот во Варшава. Неговите дела досега биле претставени на повеќе изложби во Германија и во Источна Европа. Тежиштето на неговите фотографски есеи е во полето на општествено ангажираните теми. Во Светење во темнината Јан Брандес се занимава со феноменот на почитувањето.

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I take a lot from everywhere. I take from music, architecture, novels, and plays. Anywhere that hits you.Alex Winter