Во среда на 07.04.2010 година, со почеток во 20:00 часот, Гете институтот ќе постави изложба на графичкиот дизјанер Александер Бранчик. Насловот на изложбата е „Димензија на површината“, а љубителите на графичкиот дизајн ќе можат да ја проследат во Музејот на град Скопје. Изложбата ќе биде пропратена со воведно обраќање од Александер Бранчик, а на 08.04.2010 година Бранчик ќе одржи и предавање за студенти и дизајнери на тема: „Креирање фонтови за клиенти и кампањи“. За учество на предавањето потребно е да аплицирате на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
Изложбата ги илустрира петте основни области на дизјанот: типографија, графички дизајн, дигитални медиуми, корпоративен дизајн како и ориентациони и упатувачки системи. Застапени се 41 графичкo студиo со околу 150 примери.
Поимот “комуникациски дизајн“ генерално се користи за креирачките процеси во дводимензионалниот дизајн; тоа на пример го опфаќа класичното креирање на фонтови, логоа, плакати, но и осмислувањето на комплетниот корпоративен дизајн на претпријатија или создавањето дигитални интерфејси.
Графичкото студио од Дизелдорф „nowakteufelknyrim“ разви сопствен концепт за оваа изложба. Тој се состои од специјални транспортни кутии, таканаречени Flight Cases, кои истовремено служат како флексибилен мебел за изложбата и се интегрирани и директно во збирката: на тој начин најактуелниот пример за комуникациски дизајн од Германија и самиот претставува дел од изложбата.
Александер Бранчик студирал визуелна комуникација на Факултетот за дизајн во Офенбах. По 7 години работа во MetaDesign кај Ерик Шпикерман, Александер Бранчик со партнерите Томас Нагел и Уве Ото го основа xplicit Друштво за визуелна комуникација со седиште во Франкурт на Мајна и Берлин. Бранчик има создадено бројни фонтови и има добиено многу национални и меѓународни награди.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I probably spent the first 20 years of my life wanting to be as American as possible. Through my 20s, and into my 30s, I began to become aware of how so much of my art and architecture has a decidedly Eastern character.Maya Lin