Ретроспективна изложба на Баскијат

Арт

Во Базел е отворена голема ретроспективна изложба на една од најфасцинантните личности на современиот уметнички свет Жан Мишел Баскијат (1960-1988), која ќе трае до септември годинава. Со постановката што ја организира фондацијата „Бејрел“, се одбележуваат 50 години од раѓањето на овој уметник. По младешките почетоци на Њујоршка уметничка сцена, Баскијат почнал да се занимава и со сликање на свои деветнаесет години. Поддржуван од Енди Ворхол, тој наскоро станува интернационален уметнички суперстар.


Син на емигранти од Карибите, Баскијат е првиот црномурест уметник кој направил таков силен продор на светската уметничка сцена. Соработувал со Кит Харинг, Франциско Клементе и многу други ѕвезди. Во период од само осум години креирал фантастично енергичен и обемен опус од околу 100 слики и 2.000 цртежи, пред неговата трагична смрт на само 27 години.


По повод неговиот педесетти роденден, на оваа ретроспектива фондацијата „Бејлер“ прикажува повеќе од 100 слики, дела на хартија и објекти, кои се донесени од реномирани музеи и приватни колекции низ светот. Делата на Баскијат, во кој главните мотиви се стрипоидни фигури, силуети на скелети, како и поетични слогани, се мошне колоритни и силни.


Мешајќи ја поп-културата и културната историја тие даваат критички и иронични коментари на консумеризмот и социјалната неправда. Од октомври изложбата од Базел се сели во Музејот на современа уметност во Париз.

Добра мисла

Architecture is inhabited sculpture.

Constantin Brancusi


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 86 гости присутни