Отворена изложбата за најдобра фотографија „Урбан Пејзаж“

Арт

Денеска во 20.00 часот во Кинотека на Македонија ја отворивме изложбата за најдобра фотографија во која ги претставивме најдобрите фотографии од конкурсот за фотографија на тема „Урбан Пејзаж“.  Воведен збор имаше г-дин Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, а изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Карпош.



Во еден пријатен и пладневен амбиент, поситителите имаа можност да ги погледаат делата на талентираните македонски фотографи, дела за кои пофалните зборови и пријатните епитети беа составен дел на присутните посетители во исполнетата сала на Кинотека на Македонија.





Во прилог на настанот ви ги презентираме најдобрите фотографии како дел од амбиентот и каталогот со преостанатите трудови кои влегоа во потесниот круг и беа одбрани како најдбобри од страна на стручното жири составено од Роберт Јанкулоски, Жанета Вангели и Валентино Димитровски.




Прва награда

Шифра: Парадокс
Автор: Јане Љоровски - Скопје




Втора награда

Шифра: Камелот
Автор: Томислав Георгиев - Скопје




Трета награда

Шифра: 2010
Автор: Зоран Андонов - Тетово




Специјална награда

Шифра: АБ34В
Автор: Огнен Бојковски - Скопје


Каталогот од изложбата можете да го погледнете тука.


ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Does an architecture to assuage the spirit have a place?

Arthur Erickson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 44 гости присутни