Бразилскиот уметник Ернесто Нето создаде просторна инстлација која ја вклучува трансформација на просторот во големиот разигран свет. Тој е уметник кој секогаш смета на присутност и интеракција помеѓу публиката и неговите дела, бидејќи тие со својата боја, мирис и текстура повикуваат на допир.
Ернесто Нето е инспириран од кругот на бразилските современи уметници, кои во почетокот на 60 -те години го отфрлија модернизмот и геометриската апстракција. Во замена за тоа предлагаат изедначување на уметноста со органските елементи и создавање т.н органска архитектура. Нето беше претставник од бразилскиот павилјон во Венеција во 2001 год, а минатата година приреди екстравагантна изложба во њујоршкиот Armory Park.
Ова лето Нето во Hayward Gallery изложува драматични интерактивни инсталации. Станува збор за „site-specific“ инсталации кои се интерактивни и биморфни во својот карактер. Повеќето евоцираат на кожа и внатрешни телесни органи кои воедно им ги истражува просторот и како тие ја трансформираат врската меѓу луѓето. Тој бара од посетителите да шетаат боси и да го истражуваат просторот, како би ги почувствувале неговите скулптури. За работа користи лесни и транспарентни материјали како најлон или памук. Како деликатна мембрана често исполнета со ароматизирани кугли кои додатно допринесуваат за да се ангажираат сите сетила.
Со цел за истражување на новите можности во скулптурата, неговата експозиција во Лондон ќе биде претставена на отворенозавземајќи го просторор околу базенот и цела атриумска галерија, која ќе биде атрактивна за посетителите.

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I could be happy doing something like architecture. It would involve another couple of years of graduate school, but that's what I studied in college. That's what I always wanted to do.Parker Stevenson