Вечерва во 20 ч. Во Музејот на град Скопје, ќе може да се проследи изложбата на Швајцарецот Александер Бајер, а потоа во 21.30 ч. Во Сули-ан ќе беде изведена премиертата на „Деветте книги на Никола Тесла“.
Фото изложба „Хуманитас” на Александер Бајер од Швајцарија, има поднаслов „Причина и последица“ кај портретите. „Бесот е причината, личноста излегува на површина; Стравот е последицата, личноста се повлекува; преку тој мој темен премин, може секој да се постави во средина на причината и последицата. Портретите се она што сме сите ние, „луѓе" без разлика од која раса сме или кој пол, дали дебели, ниски, стари, млади, хендикепирани, трансексуалци итн. Колку повеќе се оградуваме од поделбиве, толку повеќе припаѓаме на еден пол - човечкиот пол и сите сме браќа и сестри.“, стои во најавата на оваа изложба што претставува доволна провокација да погледнеме како швајцарскиот фотограф ни ги доловува психолошките состојби кај портретираните.
„3327 ( Деветте книги на Никола Тесла)” всушност претставува мултимедијална театарска претстава по текст, режија, сценографија и видео концепт на Златко Славенски.
Во улогите на Мајката гулабица се појавува Славица Петровска-Галиќ а на Детето гулаб, Нада Талевска. Музиката е на Кокан Димушевски, Видео и аудио креативна реализација: Милчо Узунов (3-Д Проџект Студио), информатичка подршка и програмер е Кирил Марковски, а извршен продуцент на проекто е Александар Герасимовски.
Репризата на мултимедијалната театарска претстава „3327 (Деветте книги на Никола Тесла)” ќе биде изведена на 9 јули во 21,30 часот на Факултетот за ликовна уметност – Сули-ан.
::: Форум

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Georgian architecture respected the scale of both the individual and the community.Stephen Gardiner