
Бидејќи тогаш можат да зе забележат препознатливите црни точки, заштитниот знак на мајсторот на поп артот. Лихтенштајн бил привлекуван од општата популарност на овие слики, па на некој начин тоа е слично со она што го работел со стриповите или обработката на предметите од секојдневието, објаснува кустосот на изложбата во келнскиот музеј, Лудвиг Дидрих: „Помалку го интересира самото уметничко дело, а повеќе претставата која ја има обичниот гледач на ова дело“. Исто како и кај своите слики и стрипови, и во оваа обработка на другите уметнички дела Лихтенштајн комбинира точки со силна боја и црни контури. На почетокот точките ги цртал рачно, но подоцна се служел со шаблон. До 70-те години ги „пресликувал“ уметничките дела едно по едно, но подоцна го преокупирале уметничките правци како кубизмот, футуризмот и надреализмот.

Иако рециклирањето се провлекува низ целото творештво на Рој Лихтенштајн, повеќето слики кои можат да се видат на изложбата во Келн се непознати дури и за добрите познавачи на уметноста. „Изедначувањето на Лихтенштајн со неговите стриповски слики како последица придонесе сите други аспекти на неговото творештво да паднат во втор план, така што дури и на изложбите на кои биле претставувани овие дела никогаш фокусот не бил на нив, иако и овој аспект претставувал централен лајтмотив низ целото дело на Лихтенштајн“, тврди кустосот на изложбата. Тој пропуст го искористи музејот Лудвиг во Келн за организирање на изложба на помалку познатите дела. Мајсторот на поп артот ги истражува ремек-делата од историјата на сликарството и ги преработува во стока за масите, додека се крие себе си како автор.
„Идејата која се крие зад овие преработки е желбата авторскиот ракопис целосно да се прогони од делото, што претставува еден вид реакција на апстрактниот експресионизам. Тој сакал уметност која можат да ја произведуваат сите и секаде, и така дошол на идејата за издвојување на стандардната техника од механичкото производство на слики. За него точките на објективната преработка се површината на сликата“, објаснува Дидрих.

::: Окно.мк
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје





