Струмичка меѓународна ликовна колонија

Арт

Струмичката меѓународна ликовна колонија започнува вечерва во Центарот за култура „Антон Панов“. Овој традиционален настан годинава ќе започне со отворање на изложбата на доајенот на македонското сликарство Томо Шијак, на која ќе бидат презентирани 20 негови досега неизложени дела. Делата создавани во различен период од неговото творештво се во сопственост на неговиот син Ѓорги Шијак.

asdf

„Студиото за мозаик под менторство на Александар Филев веќе е започнато со работа, 18 пат годинава. Оваа меѓународна колонија за Струмица има големо значење, бидејќи од неа до сега произлегоа значајни дела како споменикот на Гоце Делчев, сега ќе се прават две скулптури за новиот плоштад што се гради. Благодарение на овој настан се разви и приватното колекционерство во Струмица чија бројка изнесува 45 добри колекционери“, изјави за „Макфакс“ Бранко Пепиќ, раководител на сектор за ликовна и галериска дејност при Центарот за култура „Антон Панов“.

На колонијата која ќе трае до 20 август ќе учествуваат 18 сликари, мозаичари и скулптори како од нашата земја така и од Србија, Хрватска, БиХ, Турција, Бугарија, Полска, Италија, Тунис.


ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I would have liked maybe to be in architecture or painting, something connected to the fine arts.

Catherine Deneuve


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 54 гости присутни