
"Досега имало неуспешни обиди да се стават во функција овие и другите спомен-куќи на поголем број истакнати дејци од Велес. Целта на Општината е тие да почнат да живеат со уметноста и да прераснат во своевидни куќи на уметноста. Уметниците ќе имаат слобода да работат на која било локација во градот и на своите платна да ја насликаат надалеку познатата велешка архитектура", рече Горан Петров, градоначалник на Велес.

Организарите, пак, упатија отворена покана до сите велешки уметници да се приклучат. "Во Велес уметниците има што да насликаат на своите платна и што е поважно целосно да се запознаат со богатата историја и култура на градот на Џинот, Жинзифов, Главинов, Рацин", рече Ангел Коруновски, координатор на сликарскиот дел на колонијата. Колонијата ќе трае до 13 август. Организаторите очекуваат учесниците зад себе да остават поголем број дела, кои традиционално, како и секоја година, ќе бидат изложени во ликовниот салон на Денот на ослободувањето на Велес.

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Fashion is architecture: it is a matter of proportions.Coco Chanel





