Henri Matisse - Радикална инвенција (1913-1917)

Арт

Изложбата во њујоршката МОМА под наслов: „Матис: радикална инвенција, 1913-1917“ се обидува да открие како настанале некои од најмистериозните дела на францускиот уметник Матис. Во периодот на враќањето на Матис од Мароко во Париз во 1913 година и патувањето во Ница во 1917 година, уметникот создал некои од најинтересните дела во својата кариера.

29294

Станува збор за сликите кои се во суштина ослободени од деталите, а ги карактеризира геометриска прецизност со доминација на нијансите на црна и сива боја. Делата од оваа фаза генерално се сметаат за неповрзани едни со други, а изложбата: „Матис: радикална инвенција, 1913-1917“ понира под површината со цел да го истражи нивното создавање и контекстот на праксата на создавање на Матис. Дури по направените истражувања се создаде јасна слика за поврзаноста меѓу делата создадени во четиригодишниот период.

44778

Изложбата во њујоршката МОМА носи околу 120 слики на Матис, скулптури, цртежи и принтови, а ќе може да се види до крајот на октомври годинава. Сите оние кои не се во можност во живот да ја погледнат изложбата, тоа можат да го сторат на интернет страниците на музејот.

[Henri Matisse]

Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

In architecture the idea degenerated. Design allows a more direct and pleasurable route.

Charles Eames


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 53 гости присутни