Познатиот лондонски музеј „Викторија и Алберт“ ја изложи првпат најголемата слика на Пабло Пикасо. Станува збор за слика чии димензии се 10,4 х 11,7 метри, која е набавена уште при крајот на 1960-те години. Тоа е слика која е користена за руската балетска претстава „Синиот воз“ во кореографија на Бронислава Нижински од 1924 година. Сликата ја осмислил и ја потпишал Пикасо, иако подоцна неа ја завршуваат други седум уметници. Интересно е дека оваа слика е купена уште во 1968 година, но сега првпат ќе биде изложена во овој музеј и се очекува да биде најголема атракција на изложбата посветена на рускиот балет.
Изложбата насловена „Џагилјев и златната ера на рускиот балет од 1909 до 1929 година“, која ќе биде отворена од 25 септември до 9 јануари 2011 година, ќе содржи повеќе од тристотини експонати, меѓу кои и сликата на Пикасо. Цел на оваа ретроспективна изложба е да ги прикаже корените, развојот и долгогодишното влијание на Џагилјевата балетска компанија, по повод стогодишнината од нејзината прва сезона во Европа.
Оваа компанија донесе револуција во балетската уметност, првенствено со користење на делата на авангардните композитори во тоа време, меѓу кои Стравински, на пример, а потоа и со користење на смелиот дизајн на уметниците Бакст, Гончарова, Пикасо и Матис. Инаку, кустосите на музејот за оваа грандиозна изложба се заинтересирани и за приватните материјали што се во врска со рускиот балет, а особено за оригиналните костими кои биле на аукции во Сотби на почетокот на 1970-те години.
::: Утрински весник
Архитект.мк

Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the reaching out for the truth.Louis Kahn