Кога street art-от започна да станува високо буџетен mainstream

Арт


Летното лице на виенскиот Kunsthalle го претвори својот галериски простор во улица, за поверно да го долови духот на street art  уличната уметност, кој тематски беше зафатена. Две големи изложби: ретроспективата на Кит Херинг односно Street Studio: Од Баскијат до Серипоп, тематски се надополнува,   се истражува феноменот и почетокот на уличната уметност.


Keith Haring

Првата изложба го претставува американскиот уметник Кит Херинг низ неговите почетни работи меѓу 1978-1982. Феноменот на Харинг не е исклучително поврзан за неговиот специфичен иконички уметнички стил, туку за податокот дека тој е прв од славните уметници. Се работи за уметникот кој кариерата ја започна во подземните железници чии ѕидови ги отсликува со брзи и едноставни цртежи.  Уште тогаш од своето име создал бренд, а во 1986 отворил лична трговија наречена Поп шоп.

 

Трговијата беше опремена со маици, постери, копчиња и останати ситници, со мотиви од неговите цртежи, а затворена е неодамна, иако Харинг е починат уште во 1990 год. Низ изложбата е претставен интересен пресек на урбаната култура на Њујорк оод 80 те, поп арт  па се до своето вртоглаво издишување. Со нагласувањето на делата работени на хартија, изложбата ги претставува и цртежите, скиците, видео делата, памфлетите, постерите, фотографиите каде е видливо неговото уметничко созревање. Иако уличната уметност можеме да ја датираме во графитерска култура на 70 те, Харинг со своите дела претставува она што денес го нарекуваме улична уметност: „The public has a right to art. Art is for everybody”


Banksy – Cop

Станува збор за уметност која не е елитистичка и која не е затворена во галерии. Но,парадоксално Харинг е еден од најисплатливите  уметници на пазарот (починати) чија ретроспектива ја гледаме во галерија. Кога  би се потенцирал парадоксот на уличната уметност во галеријата, изложбата тематски се составува со Street Studiо: Од  Баскијат до Серипоп. Како што пишува во предговорот на  каталогот, Kunsthalle внесува груб дух на улицата во галеријата покажувајќи урбана мобилност која ја карактеризира современата генерација на уметници и улични уметници, кои се опфатени со  метрополисот. Делата на Жан Мишел Баскијат се референтна точка на преклопување на улицата и уметноста, и субкултурата со политиката.

Следната  изложба ја  презентира соработката меѓу Баскијат, Харинг и Ворхол, се до современите интерполации на уличните уметници како Блек ле Рата, Серипоп и Банкасја во галеријата. Уменоста на улицата секогаш ги истражувала новите можности на визуелниот јазик, се сметала политички одговорна, но водела и борба против комерцијализацијата на јавниот простор.


Seripop

 

Со нагласок дека за уличната уметност УЛИЦАТА е есенцијална за нејзиното разбирање. Значи, било каква уметност која се изложува во галериите престанува да биде улична уметност. За жал, доста често станува збор за лоша галериска уметност, што не значи дека зборуваме за лоша улична уметност! Во случајот Kunsthalle која фингира за да улицата ја прикаже уличната уметност, навистина прикажува само уште една врста на ангажирана и исплатлива уметност на пазарот.


Jean Michel Basquiat

Стенцил на парче ѕид под мостот не може да се купи, но Стенцил на платно во Kunsthalle и тоа како може да се купи. Од тоа  следи како навистина може да се следи феноменот на уличната уметност, кој можеме искрено да ја следиме само на улица. Битно е да се сфати нејзиниот специфичен контекст или било какво влијание има на минувачите. Но, да се смета  дека уличната уметност  ќе делува на посетителите (кои ги фингираат минувачите?) во галерија е еднакво како и на улица, значи да се  скрие разликата меѓу галеријата и улицата, а тоа е невозможно.


Игор Василевски
Архитект.мк

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Charles was very intent to use his years as Prince of Wales to make his mark while he still had freedom of maneuver that he wouldn't have as King. The first subject he really went for was architecture. It made an impact.

Anthony Holden


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 82 гости присутни