Слики и цртежи и дел од монументалните споменици на Глигор Чемерски ќе бидат претставени на ретроспективно-монографската изложба по повод 50 години од неговото творештво. Поради бројноста, експонатите на авторот ќе бидат претставени на две локации - во Даут-пашин амам и во Чифте амам, а двете постановки на изложбата ќе бидат отворени утревечер во 19.30 и во 21.30 часот.
Изложбата го сумира полувековното творештво на еден од најпознатите современи македонски уметници. Организатори се Министерството за култура и Националната галерија на Македонија. На отворањето ќе настапи и Влатко Стефановски со своја инструментално-вокална изведба.
Глигор Чемерски, сликар, графичар, мозаичар (Кавадарци, 1940) завршил Академија на ликовни уметности и постдипломски студии во Белград, а како стипендист на француската влада престојувал во Париз од 1969 до 1970. Оттогаш често работи во француската престолнина. Во изминатите 15 години е меѓу постојаните сликари на Галерие ду Флеуве во Париз. Студиски престојувал и во Египет, Грција, Италија, Холандија, Шведска, САД.
::: Alfa

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I loved logic, math, computer programming. I loved systems and logic approaches. And so I just figured architecture is this perfect combination.Maya Lin