Изложбата во Галерија “Робевци” Охрид ќе биде отворена до крајот на месец Јануари 2012.
Во организација на Центарот за културен проток “Артерија” Во сабота на 21ви Јануари, во галерија "Робевци" – Охрид, ке биде отворена изложбата на фотографии "Невидлива Софија" од Елена Ѓероска и Стефан Маринов со почеток во 19.30ч.
"„Невидлива Софија“ е фотографски проект кој се базира на невидливата убавина која е насекаде околу нас. Тргнувајќи од светот кој нè опкружува, од нашето секојдневие во градот Софија, започнавме една долга прошетка. Се обидовме да го погледнеме одново она што за нас изгледаше толку познато..
Секоја фотографија од проектот се состои од две фотографии, направени на две различни локации од двајцата автори. Обединивме две гледни точки за две навидум далечни места и тој судир на две реалности создаде една нова реалност, онаа за невидиливиот град. Автори на проектот се Елена Ѓероска од Р. Македонија и Стефан Маринов од Р. Бугарија. Двајцата се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Обединети од љубовта кон апстрактната црно-бела фотографија, започнуваат да работат на проектот пред повеќе од една година. „Невидлива Софија“ е нивен прв заеднички проект."
Изложбата во Галерија “Робевци” Охрид ќе биде отворена до крајот на месец Јануари 2012.
| Следно > |
|---|
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
At this present time, matter is still the best way to think of architecture, but I'm not so sure for very long. The computer is radicalizing the way we think about our world.Ben Nicholson



