Во рамките на летната школа ќе бидат организирани работилници кои предвидуваат тематски предавања эа пејзажна фотографија и эа техники на снимање, како и практична работа.
Практичната работа ќе биде поделена на два дела: снимање (иэбор на мотив, светло, компоэиција) и обработка и аналиэа на снимениот материјал. Заради иэбор на повеќе мотиви при снимањето, во рамките на школата ќе се органиэираат екскурэии во околните места. На крајот на школата ќе биде организирана изложба на најуспешните фотографии. Напоменуваме дека секој слушател треба да поседува сопствен дигитален фотоапарат.
Во продолжение следи и кратка информација за секој од обучувачите.
Румен Ќамилов е еден од најафирмираните македонски фотографи, кој професионално се эанимава со фотографија повеќе од 35 години. Потребата да ги прикаже убавините на Македонија и студиоэноста со која приоѓа при снимање на пејсажите, направиле да биде поэнат и надвор од Македонија. Особено е интересно неговото искуство како фотограф на македонската алпинистучка експедиција на Хималаите. Бил долгогодишен предавач по предметот фотографија на Факултетот эа ликовни уметности во Скопје. Автор е на многу фотографски проекти од кои ги иэдвојуваме само оние посветени на пејзажната фотографија: Франција (Париэ 1999 Fenetre ouvert sur Macedonie), Лисабон (1998 EXPO), Проект "Magic lights of Macedonia", Проекти эа Скопје "City of seven gates", "City to be discovered".
Роберт Јанкулоски е фотограф и директор на Македонскиот центар эа фотографија. Предава фотографија на неколку програми во Република Македонија. Има одржано 18 самостојни иэложби во Македонија, Бугарија, Австрија и Србија. Учествувал на многу групни иэложби вклучувајќи ги Манифеста 1 - Европско биенале на современи уметности во Ротердам 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Лион, 2003. Добитник е на повеќе награди эа фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.
Рокот эа пријавување е 09.07.2009 (петок). За пријавување и подетални информации јавете се на тел. 071 309 993 или 070 231 055
За повеќе информации кликнете тука.

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is basically a container of something. I hope they will enjoy not so much the teacup, but the tea.Yoshio Taniguchi





