Фотомедиа 2010 - Интернационална изложба на фотографска уметност

Фотографија - Македонија

Во петок, 12-ти ноември во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ со почеток во 20 часот, по 12-ти пат ќе биде означен почетокот на меѓународното биенале на фотографија – Фотомедиа 2010. Оваа манифестација ja организира Фото клуб „Елема“ од Скопје, под патронажа на Фото сојуз на Македонија и Светската асоцијација за фотографска уметност (FIAP). На поставката ќе бидат изложени 190 фотографии од вкупно 119 автори, а по отворањето ќе настапи Сашко Костов.

Од вкупно пристигнатите 855 дела на 223 автори од 41 различни земји од светот, жирито во состав: Боро Рудиќ (КМФ ФСМ, Македонија), Бранимир Ритоња (МФ ФСС, Словенија) и Јусуф Даријерли (слободен фотограф, Турција), на жирирањето одржано во Музеј на современа уметност на 25. септември, ги доделија следниве награди: златна ФИАП медаља за фотографија освои Валери Волонтир од Молдавија, сребрена ФИАП – Володимир Дубас од Украина, а бронзена ФИАП – Кјаран Вајт од Ирска. ФИАП дипломи за фотографија, пак, освоија авторите Илчо Трајковски од Македонија, Жоао Марио Есперанца од Макао и Жорди Реиг од Шпанија. Во категорија „колекција фотографии“, ФИАП медаљите им припаднаа на: Јозеф Босак од Чешка (златна), Едвард Китри од Украина (сребрена) и Џо Јарингтон од САД (златна), додека пак ФИАП дипломи за колекција фотографии добија: Зоран Пургер, Бранислав Бркиќ и Хаџи-Миодраг Миладиновиќ, автори од Србија.

За создавање на одредена уметност, потребена е визија, идеја, концепт, знаење, луцидност, потреба за израз. Токму Фотомедиа, собира творби кои ги содржат сите овие елементи на уметност, кои можат да кажат нешто сосема различно и ново. Фото клуб „ЕЛЕМА“ е еден од најстарите клубови во државата, клуб кој активно функционира. Целта на овој клуб е да ја организира, негува љубовта кон фотографијата. Во клубот редовно изложуваат автори од 3 генерации: основачите, кои започнале да творат кон крајот на 60-тите и 70-тите, фотографи кои се приклучиле кон клубот во 80-тите и почетокот на 90-тите и оние најмладите, кои ја наследуваат богатата традиција од 2000-та па наваму.




 


Добра мисла

If a building becomes architecture, then it is art.

Arne Jacobsen


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 79 гости присутни