Македонскиот „пејзаж“ ја освои англиската престолнина

Фотографија - Македонија



Во пријатна атмосфера и софистициран лондоски стил беше претставена изложбата на македонските фотографии „Урбан пејзаж“.Фотографиите беа поставени во лондонската галерија „The Tabernacle“. Изложбата ја отвори македонскиот сликар кој живее и твори низа години во Англија, Петре Николоски. Отворањето на изложбата беше придружено со поставка на значајни фотографии на македонскиот доајен на фотографијата Благоја Дрнков.



Галеријата The Tabernacle

На изложбата посетителите имаа можност да уживаат и во прекрасните ноти на младата пијанистка од Лондон Антонија Јовановски како и да присуствуваат на дебетата на реномираниот драмски писател Горан Стефановски кој работи како професор на Универзитетот во Кент и е почесен македонски амбасадор на културата во Велика Британија. Стефановски заедно со Никола Маџиров и со британскиот литературен критичар Џоана Лабон говореа за успешонста и позицијата на македонската култура и литература во светот. На крајот на вечерта, беше прикажан филмот „Името е име“ на режисерот Сигурјон Еинарсон.

Дел од амбиентот од отворањето на изложбата „Урбан пејзаж“





















Добра мисла

Bridges are perhaps the most invisible form of public architecture.

Bruce Jackson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 79 гости присутни