Џон Портман - Успехот доаѓа кај оние што се презафатени да го бараат

Кога Мајкл Шапиро, директорот на Музејот на уметности од Атланта, САД, му предложил на Џон Портман да направат една ретроспективна изложба на неговите архитектонски дела, слики, скулптури и парчиња мебел, што овој славен американски архитект ги креирал во животот, тој не бил многу одушевен со  идејата, токму заради неговата неволност да гледа во она што го оставил зад себе, а претпочитањето да се преокупира со сегашноста и иднината.“Гледајќи ја сега изложбата, ме натера да размислувам: како ли јас управував со сите подеми и падови во бизнисот, особено во секторот недвижности, сите овие децении?” Еве пет лекции што може да ги научиме од Џон Портман.


Бидете позитивни.

Ако постои некоја работа во мојот живот што ми се повторувала постојано, тоа е мислата дека не треба да размислувате за ништо со нервоза и гнев во себе. Тоа е лекција што ја научив од мајка ми. Негативизмот раѓа негативизам, што на крајот не не води кон ништо. Не смеете да ја напуштите својата визија, без оглед со какви искушенија се соочувате.Рецесијата од 1990-те беше најразорувачка за мене, од сите бизнис циклуси кои сум ги преживеал. Кога многумина градежни претприемачи ги напуштија центрите на градовите и се фокусираа на предградијата, јас останав доследен и верен на центарот на Атланта.

Во Њујорк, во 1970-те, градоначалникот Џон Линдзи побара од нас помош околу ревитализацијата на запуштената област со театри на Тајмс Сквер. Процесот траеше 14 години пред да го завршиме Њујорк Мериот Маркиз хотелот и театарот. Некои велеа дека сме луди што се трудиме да оживееме некогаш блескава театарски кварт, кој што во меѓувреме замрел. Во тоа време градот немаше пари, театарските групи го осудуваа рушењето на згради што за нив имаа емотивна вредност, а критиката отворено го искасапи нашиот дизајн. Но, ние не се поколебавме, убедени дека областа треба да биде препородена во стил што му доликува на вака блескав голем град. Времето покажа дека бевме во право.

Исклучете ја вревата одврееме навреме

Треба одвреме навреме да се исклучите од хаосот на секојдневниот живот, да бидете малку сами со себе и потоа пак да се вратите. Тоа уметноста го направила многу пати за мене. Често луѓето се заглавуваат во разни нешта и губат дел од својата човечност. Треба да ги третираме предметите како служители на човештвото, попрво одошто да им дозволиме да ги диктираат нашите животи – ѕвонат мобилни постојано, пристигаат стотици мејлови и постојано некаква врева што доаѓа со развојот на комуникациските технологии. 


Кој е Џон Портман

Американски архитект и градежен претприемач, роден во 1924 година, постигна планетарен успех со неговиот иновативен дизајн на хотели-висококатници со атриум во нив, концепт што го употреби во проектите како хотелот Бонавентура во Лос Анџелес и Ренесанс центарот во Детроит, каде што денес е седиштето на Џенерал моторс. Портман е основач и претедател на Портман Холдингс и покрај архитектонските зданија, автор е на многу дизајнерски решенија за мебел, слики и скулптури. Најдобрите бизнисмени се наоѓачи на решенија, а не само продавачи на нешто. Секогаш сум бил посветен набљудувач на работите. Набљудувајќи ги што прават луѓето, се обидувам да откријам зошто го прават тоа. Потоа можам подобро да дизајнирам нешто што ќе ги задоволи нивните потреби.

Рабоејќи во Атланта во периодот кога цутеа движењата за човекови права, ја увидов деструктивната природа на расната дискриминација во 1950-те и 196-те. Тоа ме инспирираше да соработувам со дузина бизнисмени со цел да го направиме Action Forum, организација што допринесе да го претвориме градот во пример за расна интеграција. Не бевме отсекогаш популарни, но тоа и не е суштината на правењето вистински нешта. Се работи за служење на повисоки цели, што може да се за вашата организација, град или општина.


Балансирајте ги визијата и прагматизмот.

Добрите идеи се внимателен баланс помеѓу прагматизмот и визијата. Тоа е како јин и јанг, две спротивставени сили што истовремено се меѓусебно зависни и поврзани. Кога визијата и прагматизмот доаѓаат заедно, тоа е спектакуларна работа, но не смеете да дозволите едната да ја надвладее другата.Кога мојата компанија се наптреваруваше на тендерот за нов урбан развој на Сан Франциско во 1960-те, ние ја разгледавме стратегијата на локалната агенција за развој, која што нудеше пет блокови згради од една распадната област со складишта. Градежните фирми можеа да даваат понуди за половина блок, еден блок или сите пет.

Најмногу смисол имаше планот што ја зема под контрола целата област, се разбира. Заедно со Дејвид Рокфелер и уште една градежна фирма, понудивме план за сите пет блокови. Она што излезе на крајот беа пет нови згради со луксузен деловен простор и хотел со атриум во него, поврзани со пешачки мостови и трговски центри, еден град во град, што би се рекло.

Размислувајте на долг рок и секогаш имајте ја на ум повисоката вредност од вашата работа

Можеби звучи апсурдно, ни никогаш не сум бил премногу фокусиран на профитот. Повеќе сум бил насочен кон својот придонес за зголемување на квалитето на живеење на луѓето. Ставање акцент на придонесот често резултира на поголема профитабилност на долг рок, затоа што сте фокусрани на долг рок и на повисока вредност, отколку на краткорочна финансиска добивка. Тоа ме натера да бидам архитект-градежен претприемач.

Наместо да се концентрирам на една извонредна зграда, јас можам да дизајнирам и изградам една извонредна заедница, секогаш имајќи предвид како луѓето ќе комуницираат со објектите во кои работат или живеат. Омилена изрека ми е онаа на Дејвид Торо (американски филозоф, историчар и поет од 19 век), која вели дека “успехот обично доаѓа кај оние што се презафатени за да го бараат”. Мислам дека сум еден од тие.


:::Тотал

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

First, there is the bare beauty of the logs themselves with their long lines and firm curves. Then there is the open charm felt of the structural features which are not hidden under plaster and ornament, but are clearly revealed, a charm felt in Japanese architecture.

Gustav Stickley


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 69 гости присутни