Архитектот треба да биде над денешното време за да создаде нешто што ќе остане за во иднина, а не да се враќа во античко време.
Георги Константиновски (78) е еден од најстарите и најпознатите архитекти-проектанти што оставил длабоки траги во македонското архитектонско творештво. Архивот на Скопје, студентскиот дом „Гоце Делчев“, ИЗИИС, палата „Унија“, палата „Кузман Јосифовски-Питу“, потоа Спомен-домот на Разловечкото востание и архивите во Охрид и во Штип, се делата што ја отсликуваат неговата естетска, архитектонска и градителска големина. Автор е на три капитални книги „Градителите на Македонија“. Професионалниот живот на Константиновски е нераскинливо врзан со Архитектонскиот факултет. Се вработил како 18-годишно момче кога е отворен факултетот во 1949 година и за сите овие години низ неговиот кабинет дипломирале илјадници студенти. Во пензија е од 1995 година, но и натаму е најредовниот професор на факултетот. Моментално се занимава со хибернетички систем на проектирање футуристички, но објекти реални за изведба.
Во кој правец, според Вас, се движи архитектурата во Македонија?
Македонската архитектура, денеска, општо земено, се движи во погрешен правец. Погрешен зашто оваа архитектура што сега се произведува не е одраз на современата светска архитектурата, туку повеќе е одраз на некакви индивидуални замисли на архитектите кои не се вклопуваат со она што се случува во светот. Како пример е улицата „Партизанска“, на која може да се видат објекти кои немаат никаква врска меѓу себе, а целата улица како композиција е дури смешна. Во европските градови постои хармонија на објектите, улицата е пријатна, а секој објект со другиот се „држи“ и иако се разликуваат еден од друг, сепак, меѓу себе се поддржуваат во поглед на височина, на примена на материјал, на естетско обликување на фасадата...
Македонската архитектура оди во сосем погрешен правец со таканаречената антиквизација. Со копирањето антички стилови во ниеден случај не може да ја достигне архитектурата која била порано. Бидејќи, секоја копија е имитација, не е оригинална работа. Ако сакаме да измислиме македонска, национална архитектура, ова е комплетно погрешно и за мене глупаво. Големото мајсторство на архитектите е тоа што секој архитект треба да тежнее да направи архитектура која ќе ги надмине досегашните максимални остварувања во современата архитектура. Тука е големиот потег на архитектот, а не во копијата.
Значи, Вие сте против примена на антички елементи во македонската архитектура?
Јас сум комплетно против антиквизацијата на македонската архитектура. Па и Грците, од каде што произлегува таа архитектурата, не ги прават тие глупости. Под самиот Акропол изградија најмодерен музеј во кој ги изложуваат своите антички предмети. Значи, не прават имитација на нивната античка архитектурата, туку современа архитектура и за тоа ангажираат врвно име однадвор. Денешниот архитект треба да биде над денешното време за да создаде нешто што ќе остане за во иднина, а не да се враќа во античко време.
Не се враќаме само во античко време, туку и во поновата историја, бидејќи се градат објекти со лушпа на старите градби!
Тоа е ехо на старата архитектура, на времето кога се градеше театарот, Офицерскиот дом, банката. Во тоа време таа архитектура беше современа и врвна. Театарот беше граден многу години со врвен стил и на него работеа шестмина архитекти. Банката беше од еден многу познат белградски архитект. Но, со сегашната архитектура на некогашната банка се прави карикатура од објектот. Не личи на ништо.
Дали изгледот на објектот е дело на самиот архитект или, пак, е наметнат од инвеститорот? Кој одлучува како ќе изгледа објектот?
Не сакам да ги критикувам многу архитектите. Тие можеби и не се толку виновни, оти им се наложува така да проектираат. Кога работат за државни институции, им се наложува во проектот да се вметне нешто античко.
Зошто не се спротивстават?
Прво, денешните архитекти кои се сега како водечки, во однос на она што го поседуваме како квалитет, всушност, се архитекти на трето или четврто ниво, не се прва, па ни втора класа архитекти. Не се толку познати, претходно се занимавале можеби со ентериери, а сега стануваат главни архитекти зашто се блиски можеби по партиска линија на денешните власти што влијаат на архитектурата и инсистираат на антика. Сега на тие архитекти им се дава шанса да изведуваат објект. А, тој како архитект, сака да дојде до израз, да избие на површина. Можеби и толку умее. Затоа се такви објектите. Особено оној на Вардар со полулачни форми на прозорци, што не можам да го сместам во некој архитектонски стил, освен во стилот на глупоста. Ние Скопје сега го упропастуваме со новите градби. Наместо да чекориме напред со новите градби паралелно со светската архитектура, се враќаме назад и правиме глупости.
Тогаш каде е грешката, во конкурсите, во изборот на решението или, едноставно, толку знаеме?
Наместо да се распише интернационален конкурс за да се добие вредно дело, ние се залажуваме. Се распишуваат интернационални конкурси, па се изигруваат странците, се става жири-комисија која воопшто не е достојна да ги оценува оние од конкурсот. Оние што седат во оценувачката комисија, во најмала рака, треба да бидат на рамниште на учесниците, а нормално би било да бидат една скала повисоко за да можат да оценуваат. А, тие се тотално непознати луѓе, вработени во министерствата. Затоа ни е градот таков каков што ни е.
Но, Градот има проблем и со урбанизмот. Кој ја крои урбанистичката иднина на градовите?
Урбанизмот е во најголем колапс од кога постои државата, зашто ние моментално немаме стручњаци урбанисти, туку според тоа како се однесуваат кон просторот, тоа се приучени урбанисти. Она што се случува во Скопје се пресликува и во помалите градови. Порано Скопје важеше за еден од најубавите градови во поранешна Југославија, некои дури сметаа дека е поубав и од Сараево. Тоа беше во 70-тите и 80-тите години, кога беше процутот на македонската архитектура. Градот беше прекрасен, на него работеа големи светски архитекти урбанисти, со визија. Денеска ништо од тоа не се почитува.
Дали Скопје ќе било поубаво доколку се почитувал предлогот на Кензо Танге и она што било предвидено со првиот ГУП изготвен од првиот градоначалник Јосиф Михајловиќ?
Јосиф Михајловиќ во своето време беше прогресивен архитект, кој направи многу за Скопје, можеби најмногу од сите други градоначалници. Но, не можеме да кажеме дека од негово време можеме сега да аплицираме нешто како идеја, зашто сме отидени напред во развојот на цело општество. Но, многу работи од она што се работеше по земјотресот, од големите стручњаци како што е Танге, требаше да се почитуваат. Еден од главните елементи е Јужен булевар, а таму сега има сервиси за миење возила и други објекти. Таа магистрала ќе значеше многу за Скопје, беше стратегиска сообраќајница. Ако се случи каква било несреќа и да треба да се евакуира градот, нема каде, бидејќи градот е блокиран. На тоа не се размислува воопшто.
Како ги коментирате објектите што се предвидени да се градат на плоштадот, црква, фонтана, скулптура, катна гаража, хотел...
Тоа е се' моментален излив на некакви амбициозни замисли и проекти, кои воопшто не се природни и поврзани со реалноста на нашиот живот.
Но, тие замисли кога-тогаш ќе станат реалност.
Најголемата трагедија ќе биде кога ќе станат. И со урбанистичкото решение на Кензо Танге и плоштадот и крајбрежната зона беа решени, само не се почитува тоа. И студентите што се побунија не се бунеа поради црква, туку поради објект кој не соодветствува во таа зона. Сега слушам ќе се враќале коцките. Тоа, исто така, е голема глупост. Не знам кој е интересот да се урива ова прекрасно поплочување на плоштадот и да се воведуваат коцки од турскиот период. Правење објекти кои биле порано е уништување и упропастување на плоштадот. Искрено, не гледам дека може да се спаси плоштадот. Нема никаков план, нема идеја за согледување на иднината. Живееме во чуден период од архитектонска гледна точка. Катастрофална грешка е што се дозволи да се менува ГУП спрема потребите на општините. ГУП се менува на десет, дваесет години и секој ДУП мора да се приспособува кон него. Сега, секој градоначалник си дава за право да прави што сака, како од него да почнува се'. Тие луѓе треба да се земат на одговорност поради тоа што преземаат погрешни потези што го уништуваат градот.
Кој да ги земе на одговорност? Архитектонската фела е безгласна, нема никаква реакција ниту од Сојузот ниту од Академијата на архитекти!
Точно. И јас сум и во Сојузот и во Академијата. Зошто се случува тоа? Едноставно, земете го примерот со студентите што излегоа на плоштад и беа тепани. Секој архитект се плаши да го изрази своето мислење. Не знам дали ќе има некакви последици сега за мене или за моето семејство. Но, не можам да останам рамнодушен на ова што се случува. Јас сум длабоко засегнат од тоа. По сето она што се прави во Скопје дали мислите дека има спас за главниот град.
Мислам дека има. Треба народот да тргне и да го запре ова. Само народот, нема кој друг. Полицијата е во рацете на власта, значи на оној што го прави ова. Треба на некој начин и меѓународната заедница да биде информирана. А, сигурно е информирана, затоа не ни се испраќаат позитивни сигнали, само негативни забелешки добиваме.
:::Утрински весник

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture should speak of its time and place, but yearn for timelessness.Frank Gehry