Архитект.мк - Како млад дизајнер, кој што неодамна дипломираше на академијата за дизајн на ентериери и производи, како и кога одлучивте да се занимавате со дизајн?
М.С. - Интересот за дизајн, разбирливо, го имам од многу години пред тоа. Додека бев во средно, се интересирав за дизајн и уметност, но дизајнот е сепак применета дисциплина, и уште тогаш одлучив тоа да биде моја професија.
Архитект.мк - Како го доживувате дизајнот ?
М.С.- Накратко кажано, дизајнот е предизвик, работа, размислување, опсервација, истражување, оформување, рефлексија, пренесување пораки, па и манипулација. Дизајнерите (на ентериери, индустриски, графички, итн...) не се само креативци кои едноставно имаат талент и креираат интересни дизајни или ефекти. Мислам дека ова погрешно толкување кај нас сеуште постои како теза.
Пред почетокот на моите студии, дизајнот го поврзував со термините боја, форма, функција, материјализација. Сепак брзо потоа, погоре наведените асoцијативни термини станаа клучни зборови за оваа креативна работа.
Архитект.мк – Каков е вашиот личен пристап во вашите проекти, кои покрај естетските вредности имаат и современа интерпретација, во областа на ентериерите и нивните концепти и решенија, или накратко како го третирате просторот ?
М.С.- Ме интересира како просторот “комуницира” со луѓето, дали и каков емотивен импакт има, и се разбира каков квалитет нуди. Не сме ни свесни понекогаш колку некој простор (суптилно) ни диктира и некои навики. Сето тоа станува дел од нашето искуство, секојдневно или повремено.
Дизајнот, како и архитектурата во својата примена, ја има таа моќ да го обликува не само ентериерот, екстериерот или некаков продукт, туку и емоционалната реакција кај луѓето додека се во некаква интеракција со него. Дали ќе релаксира, иритира, радува, збунува или возбудува? Тоа фасцинира!
Архитект.мк – Лично ни се допаднаа повеќе ваши проекти, дел од нив се објавени и по светските веб-сајтови и портали за внатрешен дизајн, но во оваа прилика ние би издвоиле три:мултимедијалниот ценатар, сетот од соларници и светлосниот систем. Опишете ги накратко.
М.С.- Мултимедијалниот центар има две главни целини според функцијата: првата се библиотеките (читални за деца, за возрасни, медиатека...), втората целина е изложбен простор. За разлика од библиотеките, изложбениот простор кој е како сфера пресечена по катови, е во стаклена кутија, каде изложувањето би било на внатрешноста од сферата, а надвор од неа посетителите би имале “слободен” поглед кон градот и можат да “кружат” околу неа. На најгорното ниво, над библиотеките предвиден е lounge bar.
Мултимедијален центар
Сетот од соларници има асиметричен дизајн, со заоблени органски линии. Соларниците се направени од боено бело стакло, свртени и зближени еден кон друг. Поставени се на држач од избрусан не'рѓосувачки челик.
Сет од соларници
Во однос на светлосниот систем, идејата беше да создадам амбиентално светло, првенствено наменето за комерцијални простори како барови, клубови, штандови и сл. Системот е модуларен и флексибилен, во основа се состои од една единица што наликува на едро. Тоа е составено од две благо закосени површини од бел поликарбонат. Помеѓу тие два поликарбонати, вметнати се led светилки кои се прикачени на задниот поликарбонат. Предниот има изрежани делови во форма линии, преку кои се пропушта светлото. LED светилките се во неколку бои, и нивниот интензитет може да варира. Светлата мoже да бидат прицврстени на ѕид или закачени на плафон.
Светлосен систем
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје





