Конкурс - Идејно обликовно и архитектонско-урбанистичко решение

Архитектура - Конкурси



ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број на оглас:  34/2011



ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Град Скопје
I.1.2) Адреса: Бул. Илинденска бб
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: http://www.skopje.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Марија Петрова Блажевска    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 3297-222/3297-292
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
“Конкурс за избор на идејно-обликовно и архитектонско-урбанистичко решение на едукативни просторни инсталации според Идејниот проект за партерно уредување и урбана опрема на Градскиот парк во Скопје, тоа во две тематски групи: 1) Човекот и неговиот простор и 2) Во светот на детските фантазии
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
во конкурсната документација

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
Критериуми за утврдување на способност на учесниците во понатамошната постапка за
доделување на договор за јавна набавка на услуга
-По завршување на Конкурсот за избор на идејно решение за скулптурите, и по доделување на
наградите предвидени за најдобрите рангираните труда, Град Скопје како договорен орган ќе
спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за услуга со цел идејното решение
за скулптурите да се изработи и постави на локациите предвидени во Идејниот проект за партерно
уредување и урбана опрема на Градски парк во Скопје.
За учество во понатамошната постапката , учесникот на конкурсот мора да ги исполнуваат
следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
1. Лична состојба
-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во
злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
-понудувачот (за правно лице) да не е во постапка за стечај и во постапка за ликвидација;
-понудувачот (правно лице) да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија,
дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
-2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста
поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално
здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. (Образец ДРД)
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
потврда за завршено високо образование од областа на ликовните умметности, применетите уметности, архитектурата и дизајнот, со приложена биографија за учесникот на конкурсот
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
1) Почитување на Проектната програма,
2) Уникатност на предложениот дизајн и долговечност на предложените материјали за изработка на скулптурите,
3) Високо ниво на иновативност, впечатливост и оригиналност на ликовниот израз,
4) Изводливост и ниска цена на чинење на изведбата,

5) Лесна пристапливост,
6) Предложеното идејно решение треба да ја поттикнува детската фантазија и игра,
7) Предложеното идејно решение треба да поттикнува развивање на просторните вештини и односи кај децата,
8) предложените идејни решенија не треба да содржат родови и други стереотипи,
9) квалитет на релациите со непосредното опкружје и целосно почитување на пејзажните вредности на паркот.

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
29.04.2011 во 12.00 часот. Место: преку архивата на Град Скопје, барака бр.16
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
прва награда за секоја група- 50.000,00 мкд. втора награда за секоја група-15.000,00 мкд.
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
IV.4) Датум на објава: 11-03-2011

Добра мисла

Architecture, of all the arts, is the one which acts the most slowly, but the most surely, on the soul.

Ernest Dimnet


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 70 гости присутни