Архитект.мк - Конкурс за фотографија „2/Два“

Архитектура - Конкурси



Архитект.мк во соработка со Општина Карпош распишува конкурс за фотографија,  во кој ги повикува сите љубители на фотографија за нивно учество. Темата на овогодинешниот конкурс е „2/Два“. Со овој наслов организаторот повикува на фотографии во кои авторите ќе имаат голем избор на слобода во нивната интерпретација.

Тоа би значело презентација во која авторот ја согледува двојноста, контрастот, разликата, симетријата, рефлексијата играта на светло/темно или пак полно/празно  во композицијата што го инспирира. На пример, тоа би можело да бидат два различни или исти предмети, два исти или различни полови, луѓе на две различни возрасти, различни или исти животни, растенија, објекти, пејзажи, ...опсервации кои создаваат асоцијација на „2/Два“.

Конкурсот започнува од 03.05.2011 и ќе трае до 05.06.2011 се до 14 часот, кога е и последниот термин за предавање на вашите дела. Ќе доделиме три парични награди и тоа 30.000 денари за првонаградената, 20.000 денари за второнаградената  10.000 денари за третонаградената и 27 откупи од по 1000 денари. Во продолжение можат да се проследат условите за учество на конкурсот.

Среќно!



Тема на конкурсот: ,,Два/2

Услови за пријавување и учествување на конкурсот:

- Конкурсот е отворен за учество кон сите љубители на фотографија;

- Секој фотограф на конкурсот може да учествува со по една фотографија;

- Фотографијата мора да е фотографирана во Македонија;

- Фотографијата не смее да биде претходно изложувана;

- Фотографијата се предава со шифра којашто ќе биде залепена од задната страна (види слика 1);

- Фотографијата не смее да содржи име, презиме, иницијали, рамки или било какви текстуални карактери и симболи на предната страна (види слика 2);

- Фотографијата треба да биде во принт(фото хартија), со димензии 30/40см или 30/45см (види слика 3);

- Со фотографијата се предава и плико на кое ќе биде испишана истата шифра како на задната страна од фотографијата, со назнака Шифра. Во пликото се доставува идентитетот на авторот на фотографијата, неговиот е-меил и контакт број (види слика 4);

- Фотографијата и пликото се доставуваат во Архивата на Општина Карпош, ул. Демир Трајко бб  (види локација тука)

- Заради потполна анонимност на конкурсната фотографија, потребно е фотографијата да биде доставена во:

1. Непроѕирна и запечатена обвивка обезбедена од оштетување
2. На запечатената обвивка(ковертот) ќе ставите назнака: Конкурс за фотографија: ,,Два/2“
3. Ќе ја запишете вашата шифра (шифра на автор)со назнака „Не отворај!“.

- Со предавањето на фотографијата апликантот :

1, Потврдува дека е автор на приложената фотографија;
2. Потврдува дека фотографијата не била претходно изложена;
3. Се согласува фотографијата да се користи во рекламни цели на организаторите на изложбата, при што јавно ќе биде истакнат идентитетот на авторот на фотографијата.

- Фотографијата се доставува најдоцна до 05.06.2011 година.

Жири-комисија:

-    Роберт Јанкулоски, фотограф и директор на македонскиот центар за фотографија
-    Жанета Вангели, професор на Ликовна академија, мултимедијален уметник, активна во областа на фотографијата, сликарството, видеото и филмот
-    Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, раководител на Одделението за движно културно наследство при Министерството за култура

Награди:

Прва награда  - 30,000 денари
Втора награда - 20,000 денари
Трета награда - 10,000 денари
27 откупа од по 1000 денари

Објавата на резултатите како и датумот на изложбата ќе бидат дополнително објавени на официјалната веб-страница на Архитект.мк и Општина Карпош

Контакт лице: Стефанија Макаровска тел: 3069-665  е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Упатство со илустрации:








- Фотографијата треба да биде во принт, со димензии 30/40см или 30/45см;

- Фотографијата мора да е фотографирана во Македонија;

- Фотографијата не смее да биде претходно изложувана;

- Фотографијата не смее да содржи име, презиме, иницијали или било какви текстуални карактери и симболи на предната страна;

- Фотографијата се предава со шифра којашто ќе биде залепена од задната страна;

- Со фотографијата се предава и плико на кое ќе биде испишана истата шифра како на задната страна од фотографијата, со назнака Шифра. Во пликото се доставува идентитетот на авторот на фотографијата;

- Фотографијата и пликото се доставуваат во Архивата на Општина Карпош, бул. „Партизански одреди“ бр. 68, Барака бр. 3;

- Заради потполна анонимност на конкурсната фотографија, потребно е фотографијата да биде доставена во непроѕирна и запечатена обвивка обезбедена од оштетување при транспорт, со назнака: Конкурс за фотографија: „Урбан пејсаж“ со означување на шифрата на авторот и назнака „Не отворај!“.

- Со предавањето на фотографијата апликантите задолжително ќе мора да пополнат формулар со којшто авторот:

Потврдува дека е автор на приложената фотографија;

Потврдува дека фотографијата не била претходно изложена;

Се согласува фотографијата да се користи во рекламни цели на организаторите на изложбата, при што јавно ќе биде истакнат идентитетот на авторот на фотографијата.

- Фотографијата се доставува најдоцна до 20.05.2010 година.

Жири-комисија:

- Роберт Јанкулоски, фотограф и директор на македонскиот центар за фотографија

- Жанета Вангели, професор на Ликовна академија, мултимедијален уметник, активна во областа на фотографијата, сликарството, видеото и филмот

- Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, раководител на Одделението за движно културно наследство при Министерството за култура

Награди:

Прва награда - 30,000 денари

Втора награда - 20,000 денари

Трета награда - 10,000 денари

Објавата на резултатите како и датумот на изложбата ќе бидат дополнително објавени на официјалната веб-страница на Општина Карпош www.karpos.gov.mk и на www.architect.mk

Превземи формулар:

Упатство:

Лице за контакт:

Стефанија Макаровска е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , тел: 3069-665, Барака бр. 5, Општина Карпош


Добра мисла

Architecture is the will of an epoch translated into space.

Ludwig Mies van der Rohe


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 52 гости присутни