Конкурс - Изработка на централно лого за јубилејот "20 години АРМ"

Архитектура - Конкурси

 


ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број на оглас:  16/3-596/4/2011

Konkurs

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Министерство за одбрана
I.1.2) Адреса: Орце Николов бб
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: www.morm.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Биљана Горгиевска-Бурагев    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 02/328 3194/3283025
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат на следнава адреса Министерство за одбрана - Сектор за логистика, ул.Илинденска бб (Воена болница - стар Регрутен центар), 02/328 3194, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи-Одбрана

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот: Изработка на централно лого за јубилејот "20 години АРМ"
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот: Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество имаат домашни физички и правни лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра. Изборот на идејното решение ќе го изврши жири комисија од Министерството за одбрана со мнозинство гласови на нејзините членови. Комисијата има право да не избере ниту еден од доставените предлози.

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Не
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Не
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
При изработката на идејните решенија на централното лого на јубилејот „20 години АРМ“ задолжително да бидат застапени следниве елементи:

- постојниот амблем на Армијата на Република Македонија,
- државно знаме на РМ (во различни форми),
- називот на јубилејот „20 години АРМ“,
- да се предложат неколку варијанти за слоган на јубилејот,
- да се предложат неколку форми на логото (круг, правоаголник, елипса и сл.),
- да преовладуваат црвената и жолтата боја,
- да се предложат идејни решенија со силуета на војник на АРМ (комбинација со жена војник) со пушка во рака, шлем или опција со развиорено знаме,
- силуета на границите на Република Македонија.

Во предлозите да бидат користени исклучиво одобрените симболи и амблеми на АРМ, кои можат да бидат обезбедени од Кабинетот на НГШ на АРМ.

Учесниците во конкурсот за идејно решение треба да предложат најмалку три идејни решенија кои треба да бидат комбинација на горенаведените елементи, при што посебен фокус треба да биде даден на називот на јубилејот и слоганот, односно овие два елементи треба да бидат задолжителни на секое предложено решение.

Идејните решенија за централното лого за јубилејот “20 години АРМ” треба да бидат доставени во:
а) печатена форма
б) електронска форма

Идејното решение за централното лого за јубилејот “20 години АРМ” да биде погодно за аплицирање на плакета, меморандум, значка, гравура или друга техника на изработка на различни видови на природни и вештачки материјали.

Податоците за авторот да бидат ставени во посебен плик со назнака Податоци за авторот – не отварај!
Авторството се докажува со копија од приложените решенија и податоци за авторот.
Авторите заедно со идејните решенијата треба да достават Писмена изјава дека предложеното идејно решение е оригинално.
Доколку биде исплатена наградата, а биде утврдено дека се работи за плагијат, или авторството му биде оспорено со правосилна пресуда, авторот е должен да ја врати паричната награда во целосен износ.
Авторските права на учесниците чии решенија се прифатени припаѓаат на Министерството за одбрана и се регулираат со Авторски Договор, преку Авторска агенција.
Идејните решенија кои не се прифатени не се враќаат на авторите.

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
14.12.2011 во 12.00 часот. Место: Министерство за одбрана, ул. Орце Николов бб Скопје - архива на ГШ на АРМ
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои: Доколку пристигнатите идејни решенија ги задоволуваат елементите и критериумите од конкурсот, Министерството за одбрана по предлог на жири комисија, ќе додели награди за идејно решение и еден откуп. Фондот на награди и откуп по конкурс за избор на идејно решение изнесува: Прва награда - 30.000,00 денари; Втора награда - 20.000,00 денари; Трета награда - 10.000,00 денари и еден откуп - 5.000,00 денари.

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

In any architecture, there is an equity between the pragmatic function and the symbolic function.

Michael Graves


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 87 гости присутни