Конкурс - Изработка на идејно архитектонско решение за изработка на фасада на објект на Влада на Република Македонија

Архитектура - Конкурси



ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Konkurs

Број на оглас:  3/2011

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
I.1.2) Адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.17
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Соња Полизовска    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 2465 225/2465 225
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот: Изработка на идејно архитектонско решение за изработка на фасада на објект на Влада на Република Македонија, ул. Илинденска бб - Скопје
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Учесниците на конкурсот треба да изработат и да достават идејно архитектонско решение за изгледот на фасадата на објектот на Владата на Република Македонија, на улица Илинденска, бб во Скопје.

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
Документите за докажување на способноста се содржани во конкурсната документација
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
Право на учество имаат правни лица регистрирани за вршење на дејност - предмет на овој конкурс и да поседуваат лиценца А за проектирање и физички лица - дипломирани инженери - архитекти кои имаат овластување А за проектирање, согласно со Законот за градење (Пречистен текст “Службен весник на РМ„ бр. 59/2011)
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
- почитување на општи архитектонско - урбанистички услови,
- почитување на пропишаните стандарди и нормативи,
- потполно задоволување на условите од Конкурсот,
- Целосна застапеност на програмската содржина,
- Креативност и инвентивност на понудените решенија,
- Оргиналност,
- Успешност во воспоставувањето на новиот архитектонски контекст и дооформување на постоечкиот,
- функционална и просторна структуираност како одговор на содржинските и функционалните барања на распишувачот,
- форма како јасна експресија на структурата, содржината и значењето на темата,
- изводливост
- економичност

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
19.12.2011 во 16.00 часот. Место: Скопје
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
Прва награда........300.000,00 денари Три откупи од по......200.000,00 денари
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Потребната документација за конкурсот може да се подигне во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 17, Скопје. Надоместокот за документацијата на конкурсот и проектната програма изнесува 3.000,00 денари и истиот се уплаќа со образец ПП 50 на сметка број 100000000063095, во корист на сметка на Службата број 040020008663111, даночен број 4030991222325, приходна шифра 725939 - 10 депонент Народна банка на РМ. Трудовите кои нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни и ненавремено доставени, нема да бидат предмет на разгледување на комисијата. Службата ќе ги откупи трудовите кои ќе ги задоволат пропозициите на конкурсот во целост и ќе склучи авторски договори за откуп на правата на делата односно за пренос на авторските права неопходни за натамошно користење на делата за целта на овој конкурс. Откупот истовремено ќе претставува и авторски надомест за отстапените права за користење на делата, што ќе бидат децидно утврдени со договор. За дополнителни информации може да се обратите секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот на телефон 2 465 - 225.
IV.4) Датум на објава: 12-11-2011

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Architecture in general is frozen music.

Friedrich von Schelling


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 88 гости присутни