Конкурс - Изработка на Идејно архитектонско решение за изградба на објектот Јавна администрација - Државни институции

Архитектура - Конкурси



ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Konkurs

Број на оглас:  4/2011

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
I.1.2) Адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.17
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Соња Полизовска    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 2465 225/2465 225
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
Изработка на Идејно архитектонско решение за изградба на објектот Јавна администрација - Државни институции, во кои ќе бидат сместени: Централен регистар на РМ; Комисија за хартии од вредност на РМ; Агенција за супервизија на РМ; Регулаторна комисија за енергетика на РМ; АД во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација М - НАВ; АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката - Скопје и Фонд за осигурување на депозити на ул. Македонија бб - Скопје
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Да
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Учесниците на конкурсот треба да достават идејно архитектонско решение за изградба на објект Јавна администрација - Државни институции на ул. Македонија бб - Скопје, со следната содржина: 1. Ситуација со поширока околина 1:500; 2. Силуети 1:500; 3. Решение на партер со поширок опфат 1:500; 4. Партерно решение 1:200; 5. Сообраќајно решение и шема на пешачки пристапи 1:200; 6. Основи (основи на нивоа, меѓукатови, галерии, мезанини, технички катови и сл.) 1:200; 7. Вертикални пресеци (сите карактеристични подложни и попречни пресеци со кои ќе бидат опфатени сите специфични функционални и конструктивни елементи 1:200; 8. Изгледи - фасади, вклучувајќи ја и петтата фасада 1:200; 9. Тродимензионални прикази; 10. Шема на распоред на содржините/функциите, нивно повекенаменско користење и комуникациска поврзаност; 11. Објаснувачки скици и цртежи; 12. Текстуален опис на проектното решение и неговите специфики со табеларен приказ на бруто и нето површини; 13. Фотографии од макета, виртуелен модел или фотомонтажа на објектот на конкретната локација; 14. Дигитален запис (CD или DVD) на сите наведени прилози во PDF, DWG и JPG формат.

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Не
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
Право на учество имаат правни лица регистрирани за вршење на дејност - предмет на овој конкурс и да поседуваат лиценца А за проектирање и физички лица - дипломирани инженери-архитекти кои имаат овластување А за проектирање, согласно со Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр.130/09).
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
Конкурсните трудови треба да се изработуваат согласно условите на конкурсот и зададената програма. Како приоритети се наведуваат следните критериуми:
- почитување на општи архитектонско - урбанистички услови пропишани со ДУП на општината (градежна и регулациона линија, височината на објектот и др.)
- почитување на стандардите и нормативите пропишани за овој тип на објекти
- потполно задоволување на условите од Конкурсот
- целосна застапеност на програмската содржина
- креативност и инвентивност на понудените решенија
- оргиналност
- успешност во воспоставувањето на новиот архитектонски контекст и дооформување на постоечкиот
- репрезентативност на објектот и архитектура во склад со постоечките и објектите во градба во непосредното опкружување
- функционална и просторна структуираност како одговор на содржинските и функционалните барања на распишувачот
- форма произлезена од влијанијата на контекстот
- форма како јасна експресија на структурата, содржината и значењето на темата
- флуидност и транспарентност (во смисла на посетување, користење и напуштање на објектот) со посебен третман на пристапноста на лицата со посебни потреби
- современ третман на објектот соодветно на функцијата
- можност за спонтано интегрирање на надворешниот со внатрешниот простор
- примена на современ архитектонски израз со употреба на современи материјали
- ефикасно природно осветлување, заштита од светлината и топлина
- енергетска ефикасност
- сеизмичка стабилност
- изводливост
- економичност

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
09.01.2012 во 16.00 часот. Место: Скопје
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
Прва награда...........550.000,00 денари и Два откупи, од кои : - прв откуп.............450.000,00 денари - втор откуп...........300.000,00 денари
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Потребната документација за конкурсот може да се подигне во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 17, Скопје. Надоместокот за документацијата на конкурсот и проектната програма изнесува 6.000,00 денари и истиот се уплаќа со образец ПП 50 на сметка број 100000000063095, во корист на сметка на Службата број 040020008663111, даночен број 4030991222325, приходна шифра 725939 - 10 депонент Народна банка на РМ. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни и ненавремено доставени, нема да бидат предмет на разгледување на комисијата. Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката. Службата ќе ги откупи трудовите кои ќе ги задоволат пропозициите на конкурсот во целост и ќе склучи авторски договори за откуп на правата на делата односно за пренос на авторските права неопходни за натамошно користење на делата за целта на овој конкурс. Откупот истовремено ќе претставува и авторски надомест за отстапените права за користење на делата, што ќе бидат децидно утврдени со договор. За дополнителни информации може да се обратите секој работен ден од 13:00 до 16:00 часот на телефон 2 465 - 225.
IV.4) Датум на објава: 17-11-2011

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I feel however, that we architects have a special duty and mission... (to contribute) to the socio-cultural development of architecture and urban planning.

Kenzo Tange


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 108 гости присутни