КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
Број 04/2009
ДЕЛ I
I.1)Податоци за договорниот орган
Општина Центар, Михаил Чоков бб, Анастазија Бабуловска, 1000, Скопје, 3225 352, 3211 089, www.opstinacentar.gov.mk, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
I.1.5)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
на горната адреса
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје - Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
II.1)Предмет на конкурсот
Изработка на идејно архитектонско и урбанистичко решение за пешачки мост на реката Вардар
II.2)Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори
II.3)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело Не
II.4)Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи Не
II.5)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН)
II.6)Подетален опис на конкурсот
1.Урбанистичко решение 1:1000
2.Партер (М=1:200)
3.Основа М=1:200
4.Карактеристични пресеци М=1:200
5.Изгледи М=1:200
6.3Д Приказ
-надворешна страна на мостот и околината
-по пешачката површина на мостот
7.Образложение на идејата, анализата на концептот
8.Текстуален опис на решението
9.Детал на:
-оградата
-осветлувањето
ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1)Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги Не
III.2)Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација Да
ако е ДА, да се наведе која:
Конкурсот е јавен и анонимен. Право на учество на овој конкурс имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејност предмет на овој конкурс и домашни и странски физички лица - дипломирани инженери-архитекти.
Набавувачот на конкурсот на учесниците ги става на располагање следните материјали:
Распис на конкурсот
Проектна програма за Изработка на идејно-архитектонско и урбанистичко решение за пешачки мост на реката Вардар во Скопје. (текстуален и графички дел)
Секој од учесниците кој подигнал потребна документација има право да учествува со по еден труд.
Трудовите се предаваат на формат 70 х 100 см, во затворен пакет со натпис Пешачки мост на реката Вардар. Потребно е секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол и со шифра (максимум пет букви) во горниот десен агол, поврзани со тврда корица на која од внатрешната страна е списокот на прилозите по реден број.
Графичката обработка на прилозите да биде на ниво на идеен проект, а техниката на презентацијата е по слободен избор.
Текстуалниот дел на проектот да се поврзе во посебна корица на А4 формат во 2 примерока.
Оценувањето на трудовите ќе го врши Жири-комисија, од кои едниот задолжително ќе биде меѓународно референтен архитект. Комисијата има известувач и секретар. Членовите на Жири-комисија, секретарот и известувачот немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите кои нема да бидат наградени или откупени ќе се вратат на учесниците на конкурсот по завршување на изложбата.
Заради потполна анонимност на конкурснот труд e, потребно трудовите да бидат доставени во затворен плик со назнака *Јавна набавка Конкурс бр. 04/09* - со шифра - Не отворај! Податоците за авторот треба посебно да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака “Автор” и назначен со истата шифра. Во друг плик со назнака “Адреса за враќање на трудот” и назначен со истата шифра, треба да се назначи адресата на која треба да се врати ненаградениот или неоткупениот труд.
Пријавените кандидати треба да дадат согласност за откривање на идентитетот по отварање на конкурсните трудови.
Трудот треба да се достави во непроsирна и запечатена обвивка обезбедена од оштетување при транспорт.
III.3)Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти
Целосна застапеност на потребните содржини
Техничка опременост на конкурсниот труд.
Функционална и просторна структуираност.
Идејно урбанистичко решение со посебно внимание на пристапите до објектот.
Изводливост
Овозможување соодветна пристапност за инвалидизирани лицата и лица со посебни потреби.
Постигнатите квалитети во рамнотежа со околниот амбиент.
Традиционалност, оригиналност и иновативност на проектниот предлог
Видот, карактеристиките и својствата на применетите материјали и нивната временска трајност.
Сеизмичка стабилност
Подржување на јавниот простор на локацијата, Кејот на Реката Вардар
ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1)Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
22.01.2010 во 11.00 часот Место: Општина Центар, барака број 6
IV.2)Награди и жири комисија
Доделување на награда/награди Да
ако е ДА, да се наведе која/кои:
- Прва награда.................. 300.000,00 денари - Втора награда ................ 200.000,00 денари - Трета награда ................ 100.000,00 денари - Два откупa по ................ 30.000,00 денари
IV.3)Дополнителни информации
Потребната документација економските оператори можат да ја подигнат со презентирање на уплатница за платени 1.000,00 денари на образец ПП50, со цел на дознака: уплата за потребна документација по конкурс бр. 04/09, за изработка на идејно архитектонско урбанистичко решение за пешачки мост на реката Вардар, назив на примач: Буџет на РМ – Општина Центар, Банка на примач: НБРМ, сметка: 782014122063010 , даночен број: 4030004567545, приходна шифра (конто) 724125.
Или
За девизна сметка:
For payments in euros only
Correspondent Bank details (:56:):
Deutsche Bank Zentrale
Adress: Wilhelm Epstein Strasse 14
Frankfurt am Mein
Germany
SWIFT BIC: MARK DE FF
Bank details (:57:):
National Bank of the Republic of Macedonia
Adress: Kompelks Banki BB, 1000 Skopje, Macedonia
SWIFT BIC: NBRM MK 2X
Final Beneficiary (:59:):
IBAN: MK07 1007 0100 0070 592
Opstina Centar-Skopje
Details Payment (:70):
Трудовите кои нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни и ненавремено доставени, нема да бидат предмет на разгледување на комисијата. Жири комисијата ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот. Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката. Општина Центар-Скопје ќе ко откупи трудот кои ќе ги задоволи пропозициите на конкурсот во целост и ќе склучи авторски договор за откуп на правата на делото односно за пренос на авторските права неопходни за натамошно користење на делото за целта на овој конкурс. Откупот истовремено ќе претставува и авторски надомест за отстапените права за користење не делото, што ќе бидат децидно утврдени со договор.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is not an inspirational business, it's a rational procedure to do sensible and hopefully beautiful things; that's all.Harry Seidler





