Конкурс за изработка на архитектонско-урбанистичко решение на комлексот за локација на општинска зграда на Општина Центар

Архитектура - Конкурси

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

ДЕЛ I

Број  05/2009
I.1)Податоци за договорниот орган
Општина Центар,  Михаил Чоков бб,  Анастазија Бабуловска,  1000,  Скопје,  3225 352,  3211 089,  www.opstinacentar.gov.mk,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
I.1.5)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
на горната адреса
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје - Општи јавни услуги

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1)Предмет на конкурсот
Конкурс за изработка на архитектонско-урбанистичко решение на комлексот за локација на општинска зграда на Општина Центар
II.2)Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори      
II.3)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело      Не
II.4)Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи      Не
II.5)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН)
II.6)Подетален опис на конкурсот  
Конкурсот е јавен и анонимен. Право на учество на овој конкурс имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејност предмет на овој конкурс и домашни и странски физички лица - дипломирани инженери-архитекти.
Набавувачот на конкурсот на учесниците ги става на располагање следните материјали:
Проектна програма за изработка на архитектонско-урбанистичко решение на комплексот за локација на општинска зграда на Општина Центар
Конкурсните трудови треба да содржат графички и текстуален дел. Графичкиот дел на трудот треба да се презентира во формат 80/60 см. Текстуалниот дел кој претставува техничко образложение и осварените архитектонско-урбанистички параметри за понуденото решение се доставува на А4 формат во два примерока спакувани во папка. Во прилог на трудот се доставува и дигитален запис од сите прилози во DWG, PDF и JPG формат на CD.
Сите графички и текстуални прилози на конкурсниот труд треба да бидат обележани со Шифра во горниот десен агол и реден број во долниот десен агол. шифрата треба да биде составена од 5 (пет) карактери.
Сите прилози (текстуален и графички дел) на конкурсниот труд треба да биде спакуван во зедничка обвивка на која ќе пишува:

Јавен повик бр.05/2009”
КОНКУРСЕН ТРУД за изработка на архитектонско-урбанистичко решение на комплексот за локација на општинска зграда на Општина Центар и да се достави лично или по пошта до архивата на општина Центар.
Во заедничката обвивка на конкурсниот труд се приложува и Список на содржината на трудот (наведени прилози по реден број) и два запечатени плика од кои едниот со ознака “Автор”, адругиот со “Адреса за враќање на трудот”.
Во пликот со ознака “Автор” е наведено името и адресата на авторот односно авторите.
Во пликот со ознака “Адреса за враќање на трудот” се наведува адресата за повраток на ненаградениот труд и согласност за јавно објавување на името на авторот на трудот.

ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1)Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги  Не
III.2)Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација  Да
ако е ДА, да се наведе која:
Право на учество имаат домашни правни и физички лица регистрирани за вршење на дејност – предмет на овој конкурс, и да поседуваат соодветна лиценца односно овластување согласно Законот за градење.
III.3)Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти
Во постапката за избор на најдобро рангирано архитектонско-урбанистичко решение од конкурентите ќе се очекува:
-да се почитуваат општите архитектонско-урбанистички услови на локацијата,
-да се почитуваат стандардите и нормативите пропишани за овој вид на класа на наменска употеба на земјиштето, група В. ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ
-исполнување на пропишаите условите на Конкурсот,
-да се утврди програмска содржина на јавните институции понудени со конкурсното решение за предметната локација ( класи В1,В2, В3, В4),
-да се понуди креативно и инветивно решение за предметната задача на распишаниот Конкурсот,
-редефинирање на урбанистичко-архитектонските контекст на локацијата и нејзиниот поширок просторен опфат,
-функционално и просторно структуирање на понудените содржини на комплексот во предметната локацијата,
-современ третман на содржината и формата на понуденото решение на предвидениот објект, односно објектите во просторниот опфат на локацијата,
-екомомичност, енергетска ефикасност и изводливост на понуденото решение и сл.

ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1)Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
05.02.2010 во 16.00  часот  Место:  Општина Центар, Архива на општината барака број 6
IV.2)Награди и жири комисија
Доделување на награда/награди  Да
ако е ДА, да се наведе која/кои:
- Прва награда.................. 300.000,00 денари - Три откупa по ................ 60.000,00 денари
IV.3)Дополнителни информации
Потребната документација економските оператори можат да ја подигнат со презентирање на уплатница за платени 1.000,00 денари на образец ПП50, со цел на дознака: уплата за потребна документација по конкурс бр. 05/09, К О Н К У Р С за изработка на архитектонско-урбанистичко решение на комплексот за локација на општинска зграда на Општина Центар, назив на примач: Буџет на РМ – Општина Центар, Банка на примач: НБРМ, сметка: 782014122063010 , даночен број: 4030004567545, приходна шифра (конто) 724125.
Или
За девизна сметка:
For payments in euros only
Correspondent Bank details (:56:):
Deutsche Bank Zentrale
Adress: Wilhelm Epstein Strasse 14
Frankfurt am Mein
Germany
SWIFT BIC: MARK DE FF
Bank details (:57:):
National Bank of the Republic of Macedonia
Adress: Kompelks Banki BB, 1000 Skopje, Macedonia
SWIFT BIC: NBRM MK 2X
Final Beneficiary (:59:):
IBAN: MK07 1007 0100 0070 592
Opstina Centar-Skopje
Details Payment (:70):
Трудовите кои нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни и ненавремено доставени, нема да бидат предмет на разгледување на комисијата. Жири комисијата ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот. Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката. Општина Центар ќе го откупи трудот кои ќе ги задоволи пропозициите на конкурсот во целост и ќе склучи авторски договор за откуп на правата на делото односно за пренос на авторските права неопходни за натамошно користење на делото за целта на овој конкурс. Откупот истовремено ќе претставува и авторски надомест за отстапените права за користење не делото, што ќе бидат децидно утврдени со договор.

Добра мисла

Architecture begins where engineering ends.

Walter Gropius


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 25 гости присутни