Изработка на типски идејни архитектонски решенија за згради за колективно домување

Архитектура - Конкурси

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ


Број на оглас:  17/4-99/3/2010

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Министерство за одбрана
I.1.2) Адреса: Орце Николов бб
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: www.morm.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Драгана Загрова    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 02/328 3194/3283025
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На следнава адреса
Министерство за одбрана - Сектор за логистика и недвижности ул.Илинденска бб (Воена болница - стар регрутен центар), канцеларија бр. 21, 02/328 3194, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи-Одбрана

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
Изработка на типски идејни архитектонски решенија за згради за колективно домување кои би се применувале на повеќе локации во Република Македонија и изработка на нацрт – предлог синтезен план за архитектонско урбанистичко решение за една локација
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Изработка на Идејни архитектонски решенија за три типа на згради за колективно домување и тоа: - Два типа на згради за колективно домување во блокови. - Зграда за колективно домување тип кула. Кај сите три типа на згради приземјето да се предвиди во две варијанти и тоа: варијанта приземје со станови и варијанта приземје со деловен простор. Типските идејни архитектонски решенија да овозможуваат со нивно мултиплицирање да се добијат голем број на варијанти кои би задоволиле повеќе решенија и би се прилагодиле на повеќе локации. При разработката на идејните архитектонски решенија конструктивното решение да овозможува примена на модуларен систем односно различни станови по структура да можат да се вклопуваат во објектите и по хоризонтала и по вертикала. Применливоста на архитектонските решенија да биде прикажана со изработката на предлог синтезен план за архитектонско урбанистичко решение на приложениот извод од Предлог ДУП за касарна „Илинден“ блок 6, кој е во фаза на одобрување. Површината на локацијата е околу 9,5 ха. Становите да бидат испроектирани во приземјето и по катовите. Висината на објектите е П+6 односно 21м од ниво на заштитен тротоар до венец. Структурата на становите кои се предмет на проектирање е: - еднособни станови со површина околу 35м2 - двособни станови со површина околу 55 м2 - трисобни станови со површина околу 70 м2 Учесникот на конкурсот задолжително да достави: 1. Ситуација - Предлог синтезен план за архитектонско урбанистичко решение на приложениот Извод од ДУП за касарна „Илинден“ блок 6, кој е во фаза на одобрување, во размер 1:1000. 2. Основа на приземје со партерно решение за секој тип објект посебно во две варијанти, варијанта приземје со станови и варијанта приземје со деловен простор во размер 1:200. 3. Основи на карактеристични нивоа за секој тип објект посебно во размер 1:200. 4. Пресеци минимум два (попречен и подолжен) за секој тип објект посебно. 5. Сите изгледи за секој тип објект посебно во размер 1:200. 6. Тридимензионална представа на објектот, надвор и внатре (ЗД). 7. По една макета од трите типа на објекти со тоа што за објектите тип блокови макетата за едниот објект да биде со станови во приземје, а за другиот со деловен простор во приземје. За објектот тип кула макетата да биде со деловен простор во приземје. 8. По една основа за секој тип на стан (еднособен, двособен и трисобен) во размер 1:100. 9. Образложение на идејното решение, анализа на концептот на идејното решение, просторна и функционална организација со посебен акцент на можноста со мултиплицирање на основниот габарит да се добие различна должина која би се прилагодила за различни локации и конструктивното решение кое ќе овозможи мултифункционалност и можност за комбинирање на станови со различни квадратури, по хоризонтала и вертикала, а во еден ист основен габарит. 10. Анализа на конструктивното решение. 11. Анализа за рационалност на понуденото решение на становите и објектите искажано преку испроектираните, бруто површини, нето површини и нето корисна продажна површина за секој објект поодделно. 12. Економска анализа на понудените решенија со апроксимативна вредност по м2 бруто градежна површина на објектот. 13. CD со анимации. * Секој учесник на конкурсот е должен идејните архитектонски решенија да го достави во формат 70x100 максимум 20 листа * Секој прилог се нумерира со реден број во долниот десен агол * Секој прилог да се означи со шифра од максимум пет (5) букви во горниот десен агол * Сите прилози треба да бидат доставени и во дигитален формат dwg екстензија на CD.

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
Право на учество имаат правни лица регистрирани за вршење дејност – проектирање со Лиценца Б за изработка на проектна документација (Идеен, Основен и Изведбен проект).
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
Ангажирано лице со Овластување за изработка на урбанистички планови односно планер потписник на планска документација.
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
Критериуми за оценување на идејните решенија
- Застапеност на програмските барања;
- Почитување на општи архитектонско – урбанистички услови;
- Застапеност на бараните прилози;
- Функционална организација на просторот според програмските барања;
- Функционална и просторна структуираност како одговор на содржинските и функционалните барања;
- Можноста за мултиплицирање на основниот габарит заради добивање на различни должини на објектите кои би се прилагодиле за различни локации;
- Конструктивно решение кое ќе овозможи мултифункционалност и можност за комбинирање на станови со различни квадратури, по хоризонтала и вертикала, а во еден ист основен габарит;
- Сооднос помеѓу нето корисна продажна површина и бруто површина на објектот. Постигнатиот помал процент во разликата ќе се смета за квалитет повеќе;
- Креативност и инвентивност на понудените решенија и обликување на објектите согласно зададените услови на конкурсот;
- Оригиналност и иновативност на понуденото решение;
- Сеизмичка стабилност;
- Изводливост;
- Економичност;
- Почитување на стандардите и нормативите и останатата законска регулатива.

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
17.06.2010 во 15.00 часот. Место: Министерство за одбрана, Сектор за логистика и недвижности - Одделение за инфраструктура, бул. Климент Охридски бр.15, Скопје
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
Прва награда во висина од 300.000,00 денари. Втора награда во висина од 200.000,00 денари. Трета награда во висина од 100.000,00 денари. Договорниот орган дополнително може да откупи најмногу две идејни решенија во висина од по 30.000ден. Договорниот орган нема да ги надомести трошоците на останатите учесници.
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Набавувачот на конкурсот на учесниците ги става на располагање следните материјали:
- Проектна програма за изработка на идејни решенија за градба на колективни станбени згради по проектот „АРМ мој вистински дом“ (текстуален и графички дел)
- Извод од Предлог ДУП за касарна „Илинден“ блок 6, во електронска форма.
Дополнителни информации:
- Секој од учесниците кој подигнал тендерска документација има право да учествува со по еден труд.
- Трудовите се предаваат во формат 70/100 на тврда подлога, мах на 20 листа во затворен пакет со натпис Јавна Набавка Конкурс бр.17/4-99/3 со шифра __________ со јасно напишана препорака „не отварај“.
- Потребно е секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол и со шифра (од максимум 5 букви) во горниот десен агол, како и да даде список на прилозите според реден број.
- Податоците за авторот треба да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака „Автор“ и назначен со истата шифра. Во друг плик со назнака „Адреса за враќање на трудот“ и назначен со иста шифра, треба да се назначи адресата на која треба да се врати ненаградениот или неоткупениот труд.
- Пријавените кандидати прифаќаат дека дале согласност за откривање на идентитетот по извршениот избор. Во случај да не е избран за награда или откуп, кандидатот може да изјави дека не сака да биде откриен идентитетот.
- Графичка обработка на прилозите да биде на ниво на идеен проект, а техниката е по слободен избор на авторите.
- Текстуалниот дел на проектот треба да се поврзе во посебна корица на А4 формат во 2 примерока.
- Проектот треба да се достави во непрозирна и запечатена обвивка, обезбедена од оштетувања од транспорт.
- Тендерската документација може да се подигне од Министерството за одбрана – Сектор за логистика и недвижности, ул. Илинденска бб Скопје (Воена болница - стар регрутен центар), секој работен ден од 9 до 16 часот, за времетраење на огласот.
- Само економски оператори кои подигнале тендерска документација имаат право да учествуваат во конкурсот.
- Проектот кој нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно е доставен ненавремено или е некомплетен, нема да биде предмет на разгледување од Жири комисијата.
- Жири комисијата се состои од седум члена, а ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 15 дена од денот на завршување на конкурсот.
- Проектите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката.
- Договорниот орган го задржува правото да не ги додели наградите, односно не изврши откуп на идејните решенија.
- Министерството за одбрана ќе склучи авторски договор за пренос на авторските права, а наградите, односно откупите ќе представуваат надоместок за откуп на авторските права за натамошно користење на делото за целта на овој конкурс.
Со предавањето на конкурсниот труд се смета дека секој учесник ги прифаќа условите и пропозициите и одредбите на конкурсот.

Добра мисла

Architecture aims at Eternity.

Christopher Wren


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 21 гости присутни