Интегрално идејно решение за илуминација на објектите на Уставен Суд, МНР и ЈО на Република Македонија

Архитектура - Конкурси

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ


Број на оглас:  2/2010

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
I.1.2) Адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.17
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Violeta Duskoska    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 02 2465 225/2465 225
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
Интегрално идејно решение за илуминација на објектите на Уставен суд, Jавно обвинителство и Министерство за надворешни работи на Република Македонија
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Учесниците на конкурсот потребно е да достават Идејно решение за интегрална илуминација на објектите на Уставен суд, Jавно обвинителство и на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, со следната содржина: 1. Јужни фасади од сите три објекти М = 1 : 100 а. Фотометриска пресметка, б. Содржина на сценариото преку фотошоп за јужните фасади М = 1 : 100, в. План на електрични инсталации М = 1 : 100, г. Прелиминарна пресметка за потрошувачка на електришна енергија, 2. Диспозиција на светилки на фасада М = 1 : 100, 3. Карактеристичен детал од секоја фасада од фотошоп презентацијата М = 1 : 20, 4. Технички опис за Идејното решение за интегрална илуминација на објектите, 5. Интегрална ситуација М = 1 : 500 или М = 1 : 100

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
Право на учество имаат правни лица регистрирани за вршење на дејност - предмет на овој конкурс и да поседуваат лиценца А за проектирање и физички лица - дипломирани електро инженери кои имаат овластување А за проектирање согласно со Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр.130/09).
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Не
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
Конкурсните трудови треба да се изработуваат согласно условите на конкурсот и зададената програма, како приоритети се наведуваат следните критериуми:
- почитување на стандардите и нормативите за проектирање пропишани за овој тип на работи,
- потполно задоволување на условите од Конкурсот,
- целосна застапеност на програмската содржина,
- кретивност и инвентивност на понудените решенија,
- оргиналност,
- успешност во воспоставувањето на реализација помеѓу архитекстонските контексти на објектите и проектното решение за илуминација на истите,
- современ третман на илуминацијата објектот соодветно на функцијата и архитектурата на истиот,
- енергетска ефикасност,
- изводливост,
- економичност,
- покрај наведените стандарди и протоколи од проектната програма светилките да се согласно PoXC стандардите за заштита на животната средина,
- да се користат интелигентни светилки со современи дигитални технологии за LED осветлување како POWERCORE технологијата со интегрирање на напојувањето и податочното менаџирање во склоп на самата светилка,
- оптичкиот систем да се состои од квалитетни високо ефикасни LUXEON LED светилки, да овозможува прецизно усмерување на светлосниот сноп и рамномерна осветленост,
- светилките да се со компактни димензии, флексибилни и дискретни за монтажа за поставување за широк опсег на архитектонски облици и детаљи,
- ако се користат линиски светилки истите да се изработени од робусен алуминиумски профил отпорен на различни надворешни влијанија, и
- да имаат ефикасен систем на ладење кој ќе го гарантира декларираниот животен век без промена на светлосниот флукс и интензитетот и постојноста на боите.

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
09.07.2010 во 16.30 часот. Место: Скопје
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
Прва награда...........100.000,00 денари Три откупи од по....30.000,00 денари
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Потребната документација за конкурсот може да се подигне во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 17, Скопје. Надоместокот за документацијата на конкурсот и проектната програма изнесува 3.000,00 денари и истиот се уплаќа со образец ПП 50 на сметка број 100000000063095, во корист на сметка на Службата број 040020008663111, даночен број 4030991222325, приходна шифра 725939 - 10 депонент Народна банка на РМ. Трудовите кои нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни и ненавремено доставени, нема да бидат предмет на разгледување на комисијата. Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката. Службата ќе ги откупи трудовите кои ќе ги задоволат пропозициите на конкурсот во целост и ќе склучи авторски договори за откуп на правата на делата односно за пренос на авторските права неопходни за натамошно користење на делата за целта на овој конкурс. Откупот истовремено ќе претставува и авторски надомест за отстапените права за користење на делата, што ќе бидат децидно утврдени со договор. За дополнителни информации може да се обратите секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот на телефон 2 465 - 225.
IV.4) Датум на објава: 04-06-2010

Добра мисла

I don't divide architecture, landscape and gardening; to me they are one.

Luis Barragan


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 21 гости присутни