Конкурс - Изработка на проект за идејно архитектонско решение на плоштад „Скендербег“

Архитектура - Конкурси

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ



Број на оглас:  05-1170/2010

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Општина Чаир
I.1.2) Адреса: ул.,,Христијан Тодоровски Карпош,, бр.5
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 02
I.1.4) Интернет адреса: www.cair.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Вене Тасев    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 2603019/2603019
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот: Изработка на проект за идејно архитектонско решение на плоштад ,,Скендербег,,
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Во документацијата за конкурс

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
За учество во понатамошната постапка за доделување на договор за изготвување на идеен , основен и изведбен проект учесникот на конкурсот мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на на нивната способност;Лична состојба;
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- понудува`от да не е во постапка за стечај или постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење професија, дејност или должност;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; и
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност.
Способност за вршење професионална дејност;
- Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавката.
Техничка или професионална способност;
- Понудувачите да поседуваат иценци за изработка на архитектонско-урбанистички проект и основен проект со сите фази согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
Конкурсот е јавен и анонимен. Право на учество имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење дејност - предмет на овој конкурс и домашни и странски физички лица дипломирани инжинери архитекти.
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
Во постапката за избор на најдобро рангирано идејно урбанистичко-архитектонско решение ќе се очекува;
- почитување на ограничувањата дадени во проектната програма;
- успешност во воспоставување на врска помеѓу новото и постоечкото;
- оригиналност;
- креативност и инвентивност на понудените решенија;
- успешност во формирањето на јавните отворени простори;
- современ третман на просторот со акцент на поврзувањето на плоштадот со околните сообраќајни површини со посебен третман на пристапноста на лицата со посебни потреби;
- примена на современ архитектонски израз и современи материјали.

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
03.09.2010 во 14.00 часот. Место: Општина Чаир
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
- Прва награда - 185.000,00 денари - Втора награда - 125.000,00 денари - Трта награда - 65.000,00 денари Овие награди истовремено ке претставуваат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост, за што истите мора да пополнат и достават соодветни Изјави за согласност.
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Потребната конкурсна документација, учесниците можат да ја добијат во архивата на Општина Чаир со приложена уплатница за платен 500,00 денари.
Уплатата да се изврши на следниот начин;
-Примач- Трезорска сметка - Буџет на Општина Чаир; Банка на примач - НБРМ; Сметка на буџетски корисник - 783014119063019; приходна шифра - 724125; програма - 00; цел на дознака - уплата за конкурс.
IV.4) Датум на објава: 31-07-2010

Добра мисла

But those musics do not address the larger kind of architecture in time that classical music does, whatever each one of us knows that classical music must mean.

Michael Tilson Thomas


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 26 гости присутни