Конкурс за изработка и поставување на скулптури, Скопје

Архитектура - Конкурси



ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број на оглас:  25/2010


ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Општина Центар
I.1.2) Адреса: Михаил Чоков бб
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: www.opstinacentar.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Горан Мицевски    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 3203667/3211 089
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
Изработка на идејни решенија за изработка и поставување скулптури на мостот на уметноста на река Вардар
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Учесниците на конкурсот потребно е да достават идејни решенија за изработка на скулптури на Мостот на уметноста на кои ќе бидат претставени истакнати преродбеници, основоположници и современици на македонската култура, и тоа: писатели, кодификатори на македонскиот јазик, уметници сликари, композитори и актери, според Технички спецификации дадени во Проектната програма. Кон проектот треба да се достават следните прилози: - Макета на скулптурата со фотографии, цртежи или скици; - Текстуално образложение на идејниот проект; - Пресметка за висината на трошоците за изведба на скулпурите.
ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Не
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
Високо образование од областа на ликовните уметности за авторот на конкурсниот труд; Конкурсот е јавен и анонимен. Право на учество на овој конкурс имаат домашни и странски уметници кои треба да достават: - Професионални референци (CV); - Листа со фотографии од предходно изработени скулпторски решенија; - Доказ за стекнато образование. Набавувачот на конкурсот на учесниците ги става на располагање следните материјали: - Распис на конкурсот; - Проектна програма Секој од учесниците кој подигнал потребна документација има право да достави еден или повеќе конкурсни трудови за идејно решение за скулптурите предвидени во Проектната програма, но најмногу за пет скулптури. Оценувањето на трудовите ќе го врши Жири-комисија. Членовите на Жири-комисија, немаат право на учество на конкурсот. Пријавените кандидати треба да дадат согласност за откривање на идентитетот по отварање на конкурсните трудови.
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
Целосна застапеност на потребните содржини
Уметнички вредности на конкурсниот труд
Техничка опременост на конкурсниот труд.
Традиционалност, оригиналност и иновативност
Вклопеност во амбиентот – Мостот на уметноста на Реката Вардар

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
02.11.2010 во 11.00 часот. Место: Општина Центар
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
На авторите чии идејни решенија ќе бидат избрани од Жири комисијата,Општина Центар ќе им исплати откупни награди од по 40.000,00 денари.
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Трудовите се предаваат во затворен пакет со со назнака *Јавна набавка Конкурс бр. 25/2010* - со шифра - Не отворај! Податоците за авторот треба посебно да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака “Автор” и назначен со истата шифра. Во друг плик со назнака “Адреса за враќање на трудот” и назначен со истата шифра, треба да се назначи адресата на која треба да се врати ненаградениот труд.
Потребната документација економските оператори можат да ја подигнат со презентирање на уплатница за платени 1.000,00 денари на образец ПП50, со цел на дознака: уплата за потребна документација по конкурс бр. 25/2010, за изработка на идејно решение за скулптури на Мостот на уметноста, назив на примач: Буџет на РМ – Општина Центар, Банка на примач: НБРМ, сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник:7820141220 630 10 , приходна шифра (конто) 724125, програма 00

Трудовите кои нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни и ненавремено доставени, нема да бидат предмет на разгледување на комисијата. Жири комисијата ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот. Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката. Општината Центар ќе го откупи трудот кои ќе ги задоволи пропозициите на конкурсот во целост и ќе склучи авторски договор за откуп на правата на делото односно за пренос на авторските права неопходни за натамошно користење на делото за целта на овој конкурс. Откупот истовремено ќе претставува и авторски надомест за отстапените права за користење не делото, што ќе бидат децидно утврдени со договор.

Добра мисла

Architecture arouses sentiments in man. The architect's task therefore, is to make those sentiments more precise.

Adolf Loos


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 25 гости присутни